За нас

Favorit Електроникс е препознатлив бренд за бела техника и мали апарати за домаќинство. Нашата компанија работи на глобално ниво, со седиште во Европа, во Македонија.

Ние сме меѓународен бренд кој состави тим од експерти, од различни земји во светот во областа на (создавањето) развојот, дизајнот и производство на електрична опрема за секојдневна употреба.

Нашиот тим му се обраќа на современиот човек и работи во насока на подобрување на производите и услугите за клиентите, се со цел да се подобри квалитетот на животот на нашите клиенти.

Ние навистина веруваме дека апаратите кои ги произведуваме, како и самиот живот секогаш можат да бидат повозбудливи, поубави и позабавни отколку што ни се чини, и ова е пораката која сакаме да ја пренесеме на сите наши клиенти, каде и да се.

МИСИЈА

Нашата мисија е „најдоброто за своите пари“, “најдоброто за парите“, „best value for money“ тоа значи дека односот на квалитетот и цената одговораат на потребите на голем број на корисници. Со цел да живееме заедно со нашите клиенти постојано ги истражуваме нивните потреби, ги следиме трендовите, стекнуваме нови знаења и користиме најнова технологија.

ВИЗИЈА

Гледаме напред, бидејќи иднината е наш сојузник во креирањето на нови и подобри производи и услуги.

Секој ден растеме, конкурентни сме на пазарот, секогаш високо позиционирани, лидери во обезбедување на високо квалитетни услуги.

Ние живееме заедно.