Политика на приватност

Политика за приватност

Оваа Политика за приватност се однесува на официјалната интернет страницата – https://favoritelectronics.com/ (во понатамошниот текст “Платформа/Продажното место”) на Трговско друштво за внатрешен и надворешен промет ЦЕНТРО УНИОН Зоран и други ДОО Скопје, со седиште на бул.Партизански одреди бр.154, Скопје – Ѓорче Петров, (во понатамошниот текст “ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје”)  преку која е овозможено информирање/ давање информации за начинот на обработка на податоците на Клиентите/ Корисниците на Платформата.

 
ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје е посветен на заштита на приватноста на Клиентите односно Корисниците на услугите. Обработката и заштитата на личните и доверливи податоци на Платформата/ Продажното место се врши во согласност со оваа Политика за приватност, интерните правила на ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје и Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

 

Категории на податоци 

  • При посета на Платформата/Продажното место, серверот креира логови за секој Клиент/Корисник односно ја регистрира нивната Интернет протокол (IP) адресата. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но може да послужи за истото во комбинација со други податоци како евиденција од интернет-провајдери при истраги за кривични дела. 
  • ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје ги обработува податоците на Корисниците (име, презиме, назив на Компанијата, e-mail адреса) само доколку доброволно ги дадете за регистрирање на Платформата/ Продажното место поради вршење на електронско плаќање. 
  • При регистрација на Платформата/Продажното место, Клиентот доброволно наведува лични податоци. Доколку не се обезбедат задолжителните податоци при регистрацијата, нема да Ви биде дозволено да се регистрирате и да продолжите со следниот чекор односно електронската нарачка на производот. 

Цели на обработка на личните податоци


ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје ги обработува личните податоци врз основа на согласност од Корисниците/Клиентите, единствено за целите за кои се собираат односно за пристап и регистрација на Платформата/ Продажното место и овозможување услуги и електронска нарачка за истите.


ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје може повремено да испраќа електронски пораки до Клиентите со важни информации и известувања во врска со услугите.

Права на субјектот на личните податоци
Корисниците како субјекти на лични податоци  ги имаат следниве права:

  • има право да побара информација од контролорот дали се обработуваат негови лични податоци. Особено, субјектот на личните податоци може да побара информации за целите на обработката, категориите на лични податоци кои се обработуваат, корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, постоење на право на исправка, бришење, ограничување на обработка и право на приговор, и постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето; 
  • право веднаш да побара исправка на неговите неточни или нецелосни лични податоци, а контролорот да изврши исправка во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето; 
  • право да побара бришење на лични податоци зачувани од контролорот , под услови предвидени со закон, што контролорот има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење;
  • право да побара ограничување на обработката од контролорот, под услови предвидени со закон;
  • право да ги добие неговите лични податоци, во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да побара пренесување на друго одговорно лице (преносливост на податоци);
  • право во врска со автоматизирано донесување на поединечни одлуки, вклучително профилирање; 
  • други права предвидени со закон и применливи прописи.

Тајност и заштита и откривање на податоците 


ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје презема и применува соодветни технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци поради заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап  во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и интерните правила.  Сите лица кои имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги чуваат личните податоци како доверливи и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.  


ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје го задржува правото на откривање лични и/или доверливи податоци на Корисниците во случаи предвидени со закон или кога е неоходно за водење на судска постапка или за заштита на правата и интереси на ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје.

 

Сите Компании  со кои соработува ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје се обврзани да ги почитуваат начелата за зaштита на личните податоци и да преземаат соодветни технички и организациски мерки за да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци на Клиентите до кои имале пристап при овозможување на услугите или на било каков друг начин. ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје не е одговорен за неовластено откривање или било какви незаконски облици на обработка на личните податоци на Клиентите од страна на Компанијата и ќе биде изземен од одговорност за надомест на било каква материјална и/или нематеријална штета што би можела директно или индиректно да биде предизвикана. 

   
На Платформата/Продажното место не се поставени врски (линкови) со трети страни. ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје не ги продава, изнајмува или споделува информации собрани на Платформата/Продажното место со трети страни освен ако тоа не е потребно за извршување на некоја услуга која Клиентот/ Корисникот ја побарал. 

Промени на Политиката за приватност на личните податоци


ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје го задржува правото во секое време да ја менува и обновува оваа Политика за приватност. При промена на Политика за приватност ќе биде ревидиран датумот на ажурирање на крајот од истата. Клиентите се обврзани да бидат запознаени со Политиката за приватност во секое време како и да бидат во тек со евентуалните промени. 

Прифаќање на условите 


Со пристапување и/или користење на оваа Платформа, Клиентите/Корисниците изјавуваат дека се запознале и во потполност ги разбрале и прифатиле одредбите од оваа Политика за приватност и Политиката за овозможување услуги и поврат на средства, вклучително и нивните последователни промени и дека се одговорни повремено да ја проверуваат нивната содржина, како и дека даваат изречна согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје.

Со прифаќањето на оваа Политика за приватност и Политиката за овозможување услуги истите имаат дејство на двострано склучен договор.

Доколку Клиентот не се согласува со оваа Политика за приватност и/или со Политиката за овозможување услуги и поврат на средства, не треба да пристапува и/или користи Платформата/ Продажното место.

Контакт во врска со Политиката за приватност на личните податоци
Доколку Клиентите/Корисниците имаат било какви барања, прашања или предлози во врска со оваа Политиката за приватност или во врска со собирањето, користењето и откривањето на личните податоци,  можат  да не контактираат на:

ЦЕНТРО УНИОН Д.О.О Скопје, со седиште на  бул.Партизански одреди бр.154, Скопје – Ѓорче Петров, електронска адреса: : centrounion@centrounion.com.mk

Top

Kërko favoritelectronics.com